ВРЕМЕТО НЕ
Leseprobe
ВО СОНОТ НА СОНОТ
Потоната
Денот што е
Година колку што не е
Знаеше да размислува
Со кој ритам таа
Во целиот свет е замешана
Длабоко во се
Движејќи се сама далечна и
Кон своето мудро племе
Со чудење и со восхит
Воздигната сонуваше
Во магијата на потрагата
Непопречена
ТИК-ТАК
Дни прости мугрин скок
Се побрз е стариот тек
Озонот е в магла
Морето граба зрак
Тик-так тик тик-так
Гледаме ли во мрак
Последното ли е сплавот
Тик-так е и заборавот
Тик - и ѕвон е и тон
На чудата одѕвон
На трагата пат
За да се чуе тик-так.
2001, Доротеја Новосел, Препев: Оливера Корвезироска